МОН за Инфомакс: “Црно семе” не е дел од наставна програма уште од 2019 година!
Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието за Инфомакс велат дека делото “Црно семе” е отстрането од наставната програма уште во 2019 година.
Во тој период министер за образование беше членот на ДУИ и сегашен пратеник Арбер Адеми.
Во продолжение одговорот на МОН за отстранувањето на одредени дела од наставните програми.
-Наставната програма за општообразовниот наставен предмет Македонски јазик и литература за четиригодишното стручно образование е донесена од страна на министерот за образование и наука во 2019 година. Согласно реформите во стручното образование, оваа наставна програма беше реализрана учебната 2021/22 година во шест средни училишта, а од учебната 2022/23 година во сите средни стручни училишта.
Така, делото „Црно семе“ не е содржано во наставната програма уште од 2019 година, туку делото е планирано и поместено во лектирниот список, којшто се изедначува со лектирниот список за учениците од гимназиско образование.
Останатите поместувања во наставната програма се направени врз анализа и потреба во новата наставна програма да се внесат дела и на други етаблирани автори кои се дел од македонската современа литература создавана во последните две децении. Учениците во четврта година се среќаваат со дела од современата литература и во неа се застепени македонските автори Дуковски, Насев, Чашуле, Стефановски.
Со оглед на тоа што одредени дела (како што е „Црно семе“) третираат историски прашања, тие се обработуваат како задолжителни четива, во рамки на часовите предвидени за обработка на лектири.
Уште еднаш нагласуваме дека комисиите за изработка на наставните програми, составени од универзитетски професори, наставници и советници од Бирото за развој на образованието стручно, професионално и посветено одговараат на предизвиците со кои се соочуваат во развојот на наставните програми усогласувајќи ги со интересот на учениците на „новото време“, како и со потребните компетенции коишто треба да ги стекнат учениците изучувајќи го македонскиот јазик и литература.
Бирото за развој на образованието е отворено за соработка и за разјаснување на сите прашања што се поставуваат и за кои е заинтересирана јавноста, дури тие за првпат да се јавуваат по 4 години од воведување на наставна програма и по голем број дискусии, обуки на наставници и реализирани часови во училиштата, стои во одоворот на Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каде одиш Македонијо? Годинава има 500 првачиња…
Во новата учебна година се запишале 500…
Конечно – Се воведуваат стручна матура и…
Владата, на денешната седница, утврди текст на…
Партијата ГРОМ бара докази дали пратеникот од…
Политичката партија ГРОМ денеска преку својата потпретседателка…
МОН: Со дигитализација на образованието, вложуваме во…
Подобрување на квалитетот на наставата, стекнување на…
По барање на Левица, МОН ги одзеде…
Секој ученик заслужува безбедна образовна средина. Драматичните…