(Фото) Пукна нов скандал! Член на кланот Дардишта на платен список на општина Бутел, Дарко Костовски го вработил

t

Додека ДПМНЕ го замајува народот дека нема да коалицира со терористичката ДУИ, токму нивните градоначалници ги вработуваат пионите на ДУИ, познати како кланот Дардишта!

Објавуваме доказ за фамилијата Дардишта, која беше избркана од јавното претпријатие Комунална Хигиена Скопје, затоа што по “рамковен” принцип не се појавувале на работа. Токму Дардишта фигурира на платен список кај градоначалникот Дарко КОСТОВСКИ од Бутел, со кој Мицкоски заедно држеше прес-конференција за блокадите на ова претпријатие.

Токму Костовски е сликан со поранешниот претседател на синдикатот во Комунална Хигиена Скопје – Дели Дардишта, кој стоеше позади блокадите на ова претпријатие.

Фамилијата Дардишта е позната за јавноста по заканите за војна на функционерката од ДУИ, ШКОДРАНЕ Дардишта, против која Левица поднесе кривична пријава. Оваа функционерка на ДУИ постојано објавува слики со обележјата на УЧК.

Токму сегашниот директор на ЕСМ – БУЈАР Дардишта, е адвокат на терористите од Диво Насеље, во кои загинаа осум припадници на специјалните единици на македонската полиција, а 37 беа повредени.

Го прашуваме Христијан Мицкоски, дали после ретерирањето за уставни измени, сега го менува и својот став за коалицирање со ДУИ, по очигледната соработка на неговата партија со кланот Дардишта?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожарот кај Студеничани се шири – Во…

Во изминатото деноноќие на територијата на државата…

Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат откако…

Цените на суровата нафта продолжија да паѓаат…

Путин со нов указ: Државата ќе презема…

Рускиот претседател Владимир Путин издаде указ со…

Трамп подготвува укинување на околу 200 илјади…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува…

Топло до 38 степени, а потоа невреме:…

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и…