Поднесе оставка в.д. директорот на Клиничка болница Тетово Плумб Вела
В.Д. директорот на Клиничка болница Тетово Плумб Вела поднесе оставка поради лични причини. Тој функцијата ја извршува од 28 март, како кадар на партијата Алијанса за Албанците.
– Денес од лични и здравствени причини поднесов оставка на функцијата в.д директор на Клиничката болница во Тетово. Оставката е доставена до архивата на болницата во Тетово и во архивата на Министерството за здравство. Исто така, поднесов оставка до седиштето на Алијансата за Албанците и од функцијата шеф на огранокот на Алијансата за Албанците – Тетово. Благодарен сум на сите колеги од болницата, пријатели и поддржувачи на Алијанса за Албанците за поддршката и помошта во текот на овие месеци. На сите вас тетовци и активисти на Алијансата за Албанците, од се срце ви благодарам за континуираната поддршка. Мојот придонес ќе продолжи како едноставен активист на Алијансата за Албанците, порача Плумб Вела.
Плум Вела е роден 1973 година, а Стоматолошки Факултет завршил на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, каде во 2011 специјализирал детска стоматологија. Од 2002 година е вработен како стоматолог во Здравствен дом. Во периодот од 2006 до 2008 бил и директор на Здравствен дом. Во тетовската јавност е познат и како поранешен одбојкар и координатор во ОК Шкендија-Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја принудувал на полови дејствија, ја тепал…
На 05.11.2026 во СВР Куманово, 42-годишна жена…
Петмина тинејџери кривично ќе одговараат за бруталното…
Kривична пријава против петмината малолетници од Скопје…
Радев повторно се пожали дека „проблемите на…
„Европа мора да учествува во преговорите за…
Приведен маж од Кичево, возел автомобил без…
На 11.11.2026 во 21:30 часот на ул.„Магистрален…
Поскапуваат кредитите во Србија – централната банка…
Извршниот одбор на Народната банка на Србија…