Десет мигранти пронајдени во Гевгелија: Возачот избегал
Во населба Караорман во Гевгелија вчера околу 12.00 часот, полициски службеници од ОВР Гевгелија пронашле 10 лица мигранти, од кои осум од Сирија и две од Египет.
„Полициските службеници забележале дека во патничко возило „форд мондео“ се превезуваат лица мигранти, додека во патничко возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки се качуваат лица мигранти. Откако ги забележале полициските службеници, возилото „форд“ го напуштило местото, додека возачот на возилото „рено лагуна“ го напуштил возилото, по што во него биле пронајдени мигрантите“, соопштија денеска од МВР.
За случајот бил известен Јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во прифатно – транзитен центар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Левица Гевгелија: Над 940.000 евра за одржување…
Локалниот огранок на партијата Левица од Гевгелија…
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Блумберг: ТРАМП ВРШИ ПРИТИСОК БРЗ БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ…
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп врши притисок…
Human Rights Watch со апел до ЕУ…
Human Rights Watch Однесувањето на Босна и…