(Видео) Мазнева емотивно: Претепаниот вработен е татко на три деца, еден ден не отсуствувал од работа!
Вработениот кој беше претепан е татко на три мали деца, еден ден не отсуствувал од работа, вели во денешната вонредна епизода на Тешки муабети директорката на ЈП Комунална хигиена, Косана Мазнева.
-Пак ќе се навратам на таа кобна вечер, кажав дека полицијата беше во позадина, јас бев пред бунтовниците, со мене беа дојдени голем дел од возачите меѓу кои беше и повреденото лице кои скааат да продолжат со работа и да изразат поддршка.
Морав јас сама лично да ја пробијам блокадата, немаше кој друг, јас отидов во чуварската куќичка, ги земав клучевите кои успеав да ги земам и им ги дадов на возачите за да почнат да возат.
Кога ги запалија камионите, бунтовниците легнаа како жив штит на земја, тоа беше драма, полицијата не постапува кажаа дека нема насилство, тука имаше бунтовници кои легнаа на земја. Никој ништо не правеше во тој момент, последно нешто што се сетив, заележав дека имаше такви што не се вработени во КХС, замолив лицата од МВР да постапат и да ги посочам лицата кои не треба да се наоѓаат таму. Полицијата постапи, бунтовниците дадоа извесен отпор, но се отвори простор камионите да излезат од автобазата.
Еден од камионите застака карши Ист Гејт, таму имаше голема количина на отпад. Како застана камионот, се симнаа двајцата вработени, од страна на толпата истите беа забележани и една група се затрчаа и на мониторинг камерите е забележано тоа што е забележано, дека се многу брутално нападнати вработените сакајќи да го извршат работниот процес. Двајцата се повредени, постои за тоа кривични пријави, во комуникација сум со повредените, особено со едниот кој беше потешко повреден. Тие сега се вон живото-загрозувачка постапка.
Вработениот е татко на три мали деца, еден ден од работа нема отсуствувано од прва или втора смена, не знае што е 35% ноќен труд додаток на плата, вели Мазнева.