Објавено на:

Филмската индустрија во ГОЛЕМА КРИЗА: Ваков штрајк немало повеќе од 60 ГОДИНИ

t

Синдикатот на холивудските актери предложи штрајк откако по крајниот рок за преговори не се постигна договор. Филмската индустрија сега мора да се подготви за можноста за првиот штрајк во кој ќе бидат вклучени и актери и сценаристи, што последен пат се случи пред повеќе од 60 години.

Синдикатот на актерите САГ-АФТРА, кој застапува 160.000 актери, објави во соопштението дека нејзиниот комитет за договарање едногласно одлучил да препорача штрајк. Националниот комитет ќе ја донесе конечната одлука во четврток, пишува „Гардијан“.

„По повеќе од четири недели преговори, AMPTP, телото што ги претставува најголемите студија и платформи за стриминг (Amazon, Apple, Disney, NBCUniversal, Netflix, Paramount, Sony и Warner Bros. Discovery), сè уште одбива да понуди фер договор за клучни прашања кои се од витално значење за членовите на SAG-AFTRA“, се вели во соопштението.

Претседателката на синдикатот, актерката Фран Дрешер, рече: „Компаниите одбија сериозно да зборуваат за некои прашања, а целосно нè игнорираа за други. Се додека не почнат со добра волја да преговараат, не можеме да постигнеме договор. Немаме друг избор освен да одиме напред обединети. Во име на нашето членство, му препорачавме штрајк на националниот комитет поради тоа. Комитетот ќе расправа за тоа во четврток наутро и потоа ќе донесе одлука“.

Се очекува штрајкот веднаш да се одрази на маркетинг кампањата за најголемите филмови ова лето. Почетокот на денешната премиера на „Опенхајмер“ беше поместена час порано, за актерите да присуствуваат на премиерата без разлика на конечната одлука за штрајкот. Светските премиери на другите најочекувани филмови ова лето – „Барби“ и новото продолжение на „Невозможна мисија“ – веќе се одржаа, но ѕвездите нема да можат целосно да учествуваат во други промотивни активности.

Штрајкот, исто така, може да го одложи доделувањето на наградите Еми до доцна есен или можеби дури и до почетокот на следната година.

Дизни објави дека премиерата на неговиот филм „Haunted Mansion“ ќе се одржи според закажаното на 15 јули во Дизниленд, без оглед на штрајковите. На премиерата нема да присуствуваат актерите ЛаКит Стенфилд, Тифани Хадиш и Џејми Ли Кертис.

Пред гласањето, некои од најголемите холивудски ѕвезди јасно ставија до знаење дека се подготвени да штрајкуваат. Кон крајот на јуни, актери од А-листата, како Мерил Стрип и Џенифер Лоренс ,објавија писмо во кое ги повикуваат синдикалните лидери да не се задоволуваат со просечни договори, опишувајќи ги преговорите како „историски важни“.

Истовремениот штрајк на писателите и актерите се очекува да предизвика сериозно нарушување на целата индустрија, како и на економијата на Лос Анџелес.

Штрајкот на сценаристите, кој започна на 2 мај, сега навлегува во третиот месец, без да се наѕира крајот.

Пред почетокот на преговорите со студијата на почетокот на оваа година, членовите на синдикатот на актерите и сценаристите убедливо гласаа за штрајк доколку е потребно, што е знак на длабоки фрустрации кај холивудските креативци поради, како што велат, се намалува процентот на заработка на студиото, зголемената нестабилност на нивните работни места, но и стравувањата дека ќе бидат заменети со нови технологии базирани на вештачка интелигенција.

На почетокот на штрајкот, сценаристите уживаа огромна поддршка од другите синдикати во Холивуд, вклучително и SAG-AFTA и моќниот синдикат Teamsters.

AMPTP, кој ги претставува студијата, вклучува стари гиганти како Universal и Walt Disney, но и дигитални дисруптори како Amazon, Apple и Netflix.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филмската индустрија во ГОЛЕМА КРИЗА: Ваков штрајк…

Синдикатот на холивудските актери предложи штрајк откако…

Фановите се збогуваат со Тина Тарнер: Цвеќиња…

Рокенрол дивата Тина Тарнер почина на 83-годишна…