Поради уништување изборен материјал: Три и пол години затвор за функционери на ДУИ
Функционерите на ДУИ, Исмет Гури и Ејуп Алими кои се гонea за уништување на изборен материјал, добија по 3 години и 6 месеци затвор. На нив во Кривичен суд им се судеше по вторпат, откако еднаш, Апелација ја укина пресудата.
Судијката Марија Клетничка ги огласи за виновни бидејќи за време на локалните избори, кога се избирал градоначалник на Чаир, во група преправале списи кои служеле за изборите и гласањето, со додавање и одземање на гласови.
– Судот потенцира дека една од основните претпоставки за владеење на правото е избирачкото право. Избирачкото право претставува услов без кои не може една земја да се претстави како демократска. Почитувајќи ги изведените докази, советот по советување и гласање, ја донесе следната пресуда: Судот двајцата обвинети Исмет Гури и Ејуп Алими, ги осудува на казна затвор на времетраење од 3 години и 6 месеци. Се задолжуваат да ги платат и трошоците на постапката, кажа судијката.
Таа кажа дека сведоците во повторената судска постапка ги промениле исказите, но доказите покажуваат уништување на изборен материјал. Според судијката, одбраната е дадена со цел обвинетите да избегнат одговорност, но не докажуваат нивна невиност.
– Судот ги почитуваше и прифати доказите од одбраната. Но истите не доведоа до поинаква фактичка состојба, од онаа која судот ја утврди. Напротив, одбраната е спротивна на дадените докази, а дадена е со цел, обвинетите да ја избегнат кривичната одговорност за предметните кривични дела. Иако преправањата на записниците се неподесни за вештачење бидејќи се напишани со дупли повлекувања и потези, поради што од страна на било кое вешто лице не можат да се анализираат општите и посебните графички карактеристики на извршените преправања, умислата и резултатот од умислата се на страна на двајцата обвинети. Наведеното беше неспорно утврдено од страна на сведоците, додаде судијката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…