Кулеба: Украина психолошки е членка на НАТО
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, изрази задоволство од резултатите од неодамнешниот самит на НАТО во Вилнус и рече дека неговата земја „психолошки веќе е членка на одбранбената алијанса“.
Ја надминавме психолошката бариера и гледам дека Украина реално се смета за членка на НАТО, изјави тој во интервју за украинската телевизија.
Кулеба, сепак, истакна дека е жално што не е направен „квантен скок“.
Но, овој квантен скок (за членството во НАТО) неизбежно ќе дојде и ќе биде многу побрзо отколку што ни изгледа сега“, додаде тој.
Кулеба рече дека сите го уверувале Киев зад затворени врати дека доаѓа членството во Алијансата, но остануваат само прашањата „кога и колку брзо“.
Тој додаде дека имало разговори со партнерите за формулацијата за „безбедносниот пакт“ што го прогласија западните држави додека не се постигне членство во НАТО.
Ние го толкуваме како безбедносни гаранции, тие го толкуваат како политички заложби во областа на безбедноста, рече Кулеба и изрази надеж општата декларација ќе биде проследена со билатерални документи со законски обврски.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, не успеа да ја обезбеди очекуваната покана за Украина официјално да се приклучи на Алијансата на самитот на НАТО во Вилнус. Наместо тоа, Киев доби гаранција дека земјата може да стане членка на Алијансата по завршувањето на војната со Русија, која почна во февруари 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…