Украинскиот парламент одлучи земјата да го слави Божиќ на 25 декември, наместо на 7 јануари
Украинскиот Парламент денеска гласаше за промена на датумот на православниот празник Божиќ од 7 јануари на 25 декември.
Целта на предлог-законот поднесен од претседателот Володимир Зеленски е „одвојување од руското наследство“.
Две од трите големи цркви со православен статус веќе одлучија да се сменат на Грегоријанскиот календар. Во 2017 година 25 декември е прогласен за неработен државен празник.
Најголемата украинска православна црква со долгогодишни врски со Москва допрва треба да ја коментира промената. Таа ги прославува празниците според јулијанскиот календар што го користи Русија.
Од руската анексија на Крим во 2014 година, Украина се обидува да ги прекине врските со своето советско и руско минато. Сеопфатната инвазија на Украина пред 16 месеци ги интензивираше тие напори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…