Објавено на:

Рама за поранешниот албански вице-премиер кој е во бегство: Никој нема да толерирам!

t

Албанскиот премиер Еди Рама вечерва се обрати до јавноста околу денешното гласање во Собранието, со што се отвора патот на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, за апсење на поранешниот вице-премиер, Арбен Ахметај.

На Ахметај, кој се товари за злоупотреба на службената положба, пасивна корупција, перење пари и лажно пријавување и прикривање имот, денес Парламентот му го одзеде пратеничкиот мандат, по што Рама одби да даде изјава и го најави вечерашното обраќање.

-Денес гласавме за барањето на СПАК да одобриме апсење на пратеник кој покривал важни должности во Владата. Поранешниот највисок функционер во историјата кој заврши во мрежата на СПАК е уште еден тест за нас како лидери на реформите во правосудството. Оние кои ме слушаат од почетокот на времето нека се сетат дека јас инсистирав на оваа реформа. Кога реков дека сакаме рушење на стариот систем, добро мислев на тоа што го кажав, вели Рама на почетокот од видеообраќањето.

Додава дека Арбен Ахметај за него не е ниту непозната личност, ниту далечен соработник.

-Тој е еден од соработниците со кои најповеќе сум се среќавал, повеќе комуницирав телефонски, разговарав за многу наши одлуки во текот на овие години. Не е мое да кажам дали Арбен Ахметај е виновен или невин. Денешниот случај беше случај каде што барањето на обвинителството треба да се одобри без никакви измени. Тоа досие има доволно сомнежи, тоа ќе го докажат истрагите, посочи тој.

Тој потсетува и на тоа дека ја посочувал гнилоста на стариот систем, каде неказнивоста била мерка за Албанците и оти ја „имал в предвид мизерната култура на бруталната правда за обичниот човек и клекнување пред човекот на власт“.

-Никогаш од 1912 година до годините кога ние, Социјалистичката партија се заложивме да ја протуркаме реформата, не се случило таков моќен човек да биде третиран поинаку. Единствениот случај кога човек од власт бил осуден од суд, е Фатос Нано кој бил последниот од традицијата на политичко затворање на политичките противници. Сакаме нова правда независна од политиката и способна да се бори против корупцијата и криминалот без разлика на политичките бои или семејните врски. Не сум задоволен со големите зборови за реформа во правдата, без акција, посочува Рама.

Оваа мисија, вели тој, ми е доверена од Албанците и не можам да се согласам со некој „кој ја злоупотребува довербата на народот претворајќи го мандатот на Албанците и мојата доверба во недозволиви можности да си ги полнат џебовите работејќи за државата“.

-Многу отворено, јасно и искрено сум кажал и овде го повторувам јавно, не избирам ниту еден соработник да не го пуштам, кога тој самиот скршнува од заедничкиот пат, туку секој соработник го избирам да не го напушти патот и луѓето кои нè избраа за сите нас да ги водиме на овој пат. Нема да толерирам никого, порача Рама.

Ахметај (54) беше еден од најмоќните луѓе во владејачкото социјалистичко мнозинство, најпрво беше министер за финансии, а по катастрофалниот земјотрес што земјата ја погоди во ноември 2019 година беше именуван за вице-премиер за обнова.

Пред СПАК да побара одземање на пратеничкиот мандат, тој веќе ја напуштил земјата и најпрво се претпоставуваше дека е во Канада, но денес еден од неговите адвокати рече дека „тој е во Велика Британија и ќе се врати кога ќе се потврди неговата невиност“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓурѓај: Исправен терминот „северномакедонци“ во резултатите од…

Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот…

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

Уапсен шеф на Обвинителство во Албанија!

По налог на Специјалното обвинителство против организиран…

Албанија и САД слават 102-годишнина од воспоставување…

Албанија и САД ја слават 102-годишнината од…

Остра реакција на МАЕИ и партиите на…

 Партиите на Македонците, Власите, Египќаните и Ромите…