(Фото) Од која плажа Славевски и ВМРО-ДПМНЕ се грижат за главниот град?
“Загрижениот” Трајко Славевски се секира за главниот град, но не во Скопје, туку од плажа.
Два дена откако “загрижените” советници од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Градот Скопје, народски кажано после свадба тапани дискутираа за решен проблем кој токму ВМРО-ДПМНЕ во координација со криминални структури го организираше, претседавачот со Советот, Трајко Славевски “загрижено” замина на плажа надвор од Скопје.
До редакцијата на Инфомакс пристигнаа фотографии од Славевски кој ужива во неговиот одмор надвор од Скопје, додека до пред два дена беше “видно потресен” за ситуацијата со бунтот во јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје, кое како што објави советничката Витина било организирано токму од неговата партија и криминални структури од општината Бутел, односно семејството Дардишта.

На истата седница која Славевски очигледно чекал да заврши па да замине на одмор, координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, упати закани по животот на заменик-градоначалникот Александар Трајановски откако тој и советничката Витина обзнанија скандали на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…
Невреме со дожд и град го зафати…
Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…