Објавено на:

ДИЗЕЛОТ ОД НОЌЕСКА ПОСКАП ЗА ДВА ДЕНАРИ: Цената на бензините останува иста

t

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ поскапува за два денари, а малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, Мазутот М-1 НС и Мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на дизелот ќе изнесува 72,5 денари. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и ЕУРОСУПЕР БС – 98 натаму ќе се продаваат за 80 денари, односно за 82 денари по литар, Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 70 денари, а Мазутот М-1 НС 41,784 денари за килограм.

Со Одлуката на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57 проценти во однос на одлуката од 10 јуни годинава.

РКЕ објаснува дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,854 проценти, кај дизелот зголемувањето е во просек за 4,754 проценти или за 34,350 долари/тон, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 4,019 проценти и кај мазутот зголемување во просек за околу 3,315 проценти. Поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…

(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…

Инцидент каков што ретко се гледа се…

Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…

Заменик претседателот на Советот за безбедност на…

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…

Ова ли е тоа тегнење за уши?…

Судот во Струга го прогласи за виновен…