Путин: Имаме право да возвратиме со касетна муниција!
Досега Русија немаше потреба да користиme касетна муниција, но доколку истата се користи против нас, го задржуваме правото да возвратиме, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
-„До сега не сме го направиле, не сме користеле, ниту сме имале таква потреба и покрај познатиот недостиг во одреден временски период. Ја имаме и оваа муниција, но тоа не го направивме. Но, се разбира, доколку истата се примени против нас, го задржуваме правото да возвратиме“, изјави Путин за телевизијата „Русија 1“.
Шефот на државата е убеден дека испораката на касетна муниција во Киев и нејзината употреба треба да се смета за кривично дело.
„Во однос на касетната муниција, самата американска администрација даде оценка за оваа муниција пред извесно време. Самата американска администрација тогаш употребата на касетна муниција ја нарече криминал. Мислам дека тоа треба да се третира на тој начин“, рече Путин.
Според него, Русија има значителни залихи на различни видови касетна муниција.
Зборувајќи за американските испораки на касетна муниција за Киев, Путин рече дека тоа го прават поради недостиг на муниција.
Тој потсети дека „украинската армија троши до 5-6 илјади гранати од калибар 155 дневно, додека САД произведуваат 15 илјади месечно“.
Немаат доволно, а на Европа веќе и недостигаат“. Но, тие не најдоа ништо подобро од тоа да предложат употреба на касетна муниција“, рече Путин.
Генералниот директор за операции на Здружениот штаб на американската армија, Даглас Симс, во четвртокот изјави дека Украина добива касетна муниција не само од САД, туку и од други земји.
Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џејк Саливан, на 7 јули објави дека Соединетите Американски Држави ќе ја снабдуваат Украина со касетна муниција. Касетната муниција е забранета со меѓународна конвенција ратификувана од 123 земји, со исклучок на САД и Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Дома чувале „цел арсенал“: Автоматски пушки,…
На 25.07.2024, полициски службеници од Одделот за…
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…
Путин: Русија ќе спречи какво било странско…
Русија ќе спречи какво било странско мешање…
Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…
Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…