Седум лица уапсени во Москва: Планирале атентат на уредничката на “Раша Тудеј”
Полицијата во Москва уапси седум лица осомничени за подготовка на атентат на главниот уредник на медиумската група „Раша Тудеј” и телевизискиот канал „РТ” Маргарита Симонјан, како и на новинарката Ксенија Собчак, соопштија за „РИА Новости” од полицијата.
Тие биле обвинети за хулиганство извршено со употреба на оружје и им е одредена мерка притвор до 14 септември. За ова дело е предвидена затворска казна до седум години. Маргарита Симонјан истакна дека ова е втор обид за атентат што го доживеала во последната година.
– Во текот на оваа година се навикнав да живеам како зајак на поле, некој да ме брка со пиштол – вели таа во коментар за РТ и додава дека „има работи полоши од смртта – срам, предавство и живеејќи со чувството дека сте направиле нешто непоправливо“.
Претходно во саботата Федералната служба за безбедност објави дека заедно со Министерството за внатрешни работи и Истражниот комитет спречиле обид за убиство на Маргарита Симонјан и Ксенија Собчак.
Како што тврдат, членовите на неонацистичката група „Параграф-88“, кои подготвувале обиди за атентат по налог на Украинската служба за безбедност СБУ, биле приведени еден ден претходно во Москва и во регионот Рјазан.
При претресот им била одземена автоматска пушка, гумени палки, ножеви и лисици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва му се заканува на Лондон по…
Москва го предупреди британскиот владин врв за…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Калас: Новите руски напади се дополнителна причина…
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…
Москва нападната преку ноќ со повеќе од…
Руската престолнина Москва е нападната со повеќе…
Москва под сомнеж дека му помогнала на…
Американските разузнавачки аналитичари истражуваат дали Русија му…