Приведен бегалец од затвор
Денеска (16.07.2023) на подрачје на Центар, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода Е.А.(20) од Штип.
Тој бил баран врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Струмица поради бегство од установата.
Е.А. бил осуден на казна затвор од 10 месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет месеци од казната.
Исто така, тој бил баран поради сомнение дека на подрачје на Чаир извршил други дела по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двоглавиот орел повторно поставен на Кораб, македонското…
Двоглавиот орел повторно е поставен на врвот…
Тешка сообраќајка кај Белви: Се судриле три…
Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава кај…
Дурмиши: Инфлацијата е стабилизирана
Инфлацијата во земјава е стабилна и инфлаторните…
31 година од атентатот на Глигоров
Пред 31 години на 3 октомври беше…
Хрватите спречиле влез на пиперки од Македонија…
Нова пратка со зеленчук од Македонија е…