Објавено на:

Ѓоковиќ: Не сакам да губам, но можеби ми се враќа за некои добиени финалиња

t

Не сакам да изгубам натпревар на ова ниво, но морам да бидам многу благодарен бидејќи освоив многу титули и тешки натпревари, на пример против Федерер во финалето во 2019 година, кога спасив две меч топки. Можеби требаше да загубам некои други мечеви, еве сега се врати тоа, изјави српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по поразот во финалето на Вимблдон од Карлос Алкараз (3:2).

Ѓоковиќ не успеа да ја освои својата петта последователна, а вкупно осма титула во Лондон и остана на 23 Грен слем трофеи.

„Загубив од подобар играч денес. Тоа не беше многу добро за мене, но беше за Карлос. Кога сервираше за победа, одигра неверојатни удари, тоа беше одлично, браво. Мислев дека ќе имам проблеми со тебе на глина и бетон, не на трева, но оваа година и тоа се промени. Начинот на кој се подготви за оваа подлога е неверојатен. Честитки за тебе и твојот тим“, му се обрати Ѓоковиќ на младиот шпански тенисер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…

Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…

ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…

Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…

СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…

Како одговор на Ѓоковиќ „Голема Албанија“ на…

„Фејсбук“ профилот на Асоцијацијата на тениски професионалци…