Левица: Државата мора да го преземе стопанисувањето со струјата за домаќинствата
Државата мора да го преземе стопанисувањето со струјата за домаќинствата, велат од политичката партија Левица.
-Лиценцата на ЕВН Хоум за вршење на енергетска дејност снабдување со електрична енергија истекува на 1 јули 2024 година.
Улогата на „Универзален снабдувач и снабдувач во краен случај“ мора да ја преземе државната компанија ЕСМ Продажба за да престанат народните пари да се одлеваат во странските џебови. Државата треба и мора да ги стопанисува производството, дистрибуцијата и преносот, како и снабдувањето на домаќинствата со електрична енергија.
Парите на граѓаните треба домаќински да се трошат, а не да се прелеваат во приватни и странски компании кои се директно или индиректно поврзани со политичките елити, од двата табора, кои владеат со државата повеќе од 30 години.
Но, властите не размислуваат така. Поранешната раководителка на Бирото за метрологија, Мерита Мустафаи од Тетово, чиј ментор е Артан Груби, е назначена за нова директорка на ЕСМ Продажба со одлука на Управниот одбор на АД ЕСМ од 23 јуни 2023 година.
ЕСМ Продажба е фирма-ќерка на АД ЕСМ која продаваше вишоци и купуваше електрична енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи за време на кризната состојба, додека после притисокот од Левица, Владата ѝ даде обврска, со уредба, да ги снабдува со електрична енергија државните институции и прехрамбената идустрија за да го амортизира ценовниот шок.
Основната цел на новата директорка, кадар на ДУИ, е испумпување на голем број пари за кратко време од државата преку купо-продажба на електрична енергија. Минатата година, ЕСМ Продажба остварила приходи од 6,57 милиони евра. Најмногу од продажба на електрична енергија во јавниот сектор и произведени вишоци за снабдувачите со струја. Со тоа фирмата-ќерка на ЕСМ за време на енергетската криза се наметна како еден од најголемите трговци со струја во земјата. Токму ова е основната мотивација ДУИ да го пикира и да го добие клучното место за лесен пристап до народни пари.
Поради кратковидните мотиви на Владата на ДУИ и СДС, и лукративните мотиви за лично богатење на нивните партиски раководства, ЕСМ Продажба ќе се користи за богатење на џебовите на домашните политичари додека ЕВН се наметнува за да ја продолжи голготата на обичниот човек, за корист на странски капитал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонските домаќинства штедат: Вкупните депозити во март…
Како што наведува Народната банка, вкупните депозити…
Кина му помага на партнерот од БРИКС…
Јужна Африка ја доби првата серија кинески…
Левица: Државната ЕСМ Продажба да ја преземе…
Денови повторно е актуелна темата за законската…
Од 1 декември домаќинствата ќе имаат на…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
ГИ УДРИЛО СТРУЈА ДОДЕКА ГАСНЕЛЕ ПОЖАР Повредени…
СВР Охрид соопшти дека синоќа околу 23…