(Фото) Родилката чие бебе почина во битолската болница: Ова ли е ненасилно породување?

t

Вчера починало уште едно бебе во болницата во Битола по изведен царски рез. Директорката на болницата, Елизабета Ивановска кажа дека родилката била на 21-годишна возраст и немала контролирана бременост.

Ова предизвика реакција од родилката од Битола, Викторија Крстеска, чие бебе почина пред неколку месеци во истата болница.

– Како мајка која неодамна го загуби своето бебе во таа проклета болница. Како жена која сама се бори против сè и сите. Јас ќе застанам позади таа жена која вчера го изгуби бебето. Заедно можеме. Мора да има крај на овие случувања. Одговорност. Немалтретирано. Почнаа и со нови изрази по моето малтретирање. Да, ова беше моето „ненасилно“ породување. Доста е, нема да молчиме. Родилката не искажала незадоволство. И неа ли ѝ нудите сокче? Кафенце или можеби пари? Не постои пара на светот што можи да ме купи за да не се борам за правдата на своето дете, како и за нанесување штета и на други мајки, објави Крстеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови правила за патување во Европа од…

Граѓаните на Македонија, како и на другите…

Турција планира изградба на втора нуклеарна централа…

Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за…

Рама за победата на Студентската листа: Србија…

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Србија,…

Руската вакцина против рак даде резултати, кај…

Првиот пациент кој ја прими руската персонализирана…

Расте бројот на загинати во верижниот судир…

Бројот на загинати во тешките верижни судири…