Маж и жена напаѓале и ограбувале луѓе во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 29-годишник за разбојништво и тешка кражба. Според информациите, тој заедно со непознато женско лице, се заканувале на луѓе и ги ограбувале.
– Обвинетиот, на 13 април, заедно во договор со непознато женско лице, со употреба на сила и закана одзеле предмети од еден оштетен. Жената му се доближила на оштетениот пред зградата во која живеел и го прашала дали сака да му го чисти станот. Тој ѝ кажал дека во моментов нема потреба за тоа и тргнал кон станот. Но, во моментот кога влегувал дома, двајцата неповикани влегле по него, при што обвинетиот го турнал оштетениот и со влечење го однел во една од собите. Му се заканил со нож и побарал од него да му ги даде парите. Пребарувајќи низ станот, одзеле паричник со 2.250 денари, два мобилни телефони, рачен часовник и други предмети, во вкупна вредност од околу 21.750 денари. На 15 април, на улицата „11 Октомври“ во Скопје, обвинетиот на дрзок начин одзел паричник со 2.000 денари од оштетена која во тој момент влегувала во својата зграда, соопшти Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи таквата мерка се уште е неопходна за непречено водење на кривичната постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватите спречиле влез на пиперки од Македонија…
Нова пратка со зеленчук од Македонија е…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
40-годишна стружанка претепала старец, па го ограбила
Жена од струшкото село Октиси е пријавена…
Цената на нафтата падна по најавата на…
Цената на меѓународно референтната нафта „брент“ падна…
Денес се празнува Светиот великомаченик Евстатиј Плакида
Голем римски војсководец од времето на царевите…