Ескобар: Односите меѓу Белград и Приштина се тешки, клучно е формирањето на ЗСО
Клучен елемент на Договорот за патот кон нормализација на односите и анексот за имплементација е исполнувањето на обврската на Приштина за формирање на Заедницата на српските општини, се вели во извештајот на специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој утре ќе сведочи пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД.
„ЗСО ќе ги овласти општините со заеднички интереси, јазик и култура да се координираат за заедничките предизвици во обезбедувањето на некои јавни услуги, вклучително образованието, здравствената заштита и локалниот економски развој“, рече Ескобар во извештајот, објавен на веб-страницата на Претставничкиот дом.
Тој додава дека односите меѓу Белград и Приштина се тешки, но истакна дека во февруари и март со силна поддршка на САД е постигнат напредок, што дава рамка преку која „двете земји“ ги исполнуваат своите обврски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…