Коста имал речиси професионална обука за ракување со оружје!
Тринаесетгодишното момче кое на 3 мај во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ во населбата Врачар уби осум свои соученици и чуварот на училиштето откако пукаше во нив, во моментов е на распит во просториите на Вишото јавно обвинителство во Белград. Во масакрот во мај тој повреди и други свои соученици и наставничка, а едно од повредените девојчиња подоцна почина.
Според извествањата од судскиот процес, момчето сведочело дека имало речиси професионална обука за ракување со оружје.
Момчето во судските простории не било пренесено со возило на МВР, туку со автомобил на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци, објавија српските медиуми.
Ова е првпат момчето-убиец да се најде очи во очи со родителите на децата што ги убил, а меѓу нив и него стојат пет членови на судската стража. Тие со солзи во очите го пречекаа во судницата, пишуваат српските медиуми.
Според неофицијални информации, како што пишуваат српските медиуми, момчето треба да одговори на пет прашања: Дали татко му го малтретирал? Каков бил односот во семејството помеѓу мајка, татко и сестра? Дали неговиот татко, кој се сомневал дека не го обезбедил соодветно оружјето што го има во куќата, го однел на стрелиште? Дали го научил да пука? Дали му ја дал шифрата на сефот со пиштолот?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите пари од сметката на семејството Кецмановиќ…
Вишиот суд во Белград го усвои предлогот…