Груевски објасни: Дадена е концесија за истражување, не за ископ на руда – На Македонија ѝ треба консензус, сака или не сака рудници?!
Поранешниот премиер Груевски на Фејсбук ги објасни и демантира обвинувањата дека дал 22 концесии за рудници во време на неговиот мандат како премиер.
Во продолжение објавата на Фејсбук на Груевски во која објаснува за какви концесии станува збор и колку такви концесии се дадени, но и кој финансира разни обуки поврзани со оваа тема.
-1.Очигледно некои луѓе едвај чекаат да се расправаат и да шират дезинформации на тема рудници.
Вчера извесен Ангел Наков кој бил сопственик на концесија на планината Кожув и каде развивал проект за ски центар а подоцна фирмата му отишла во стечај, кажал дека фирмата му пропаднала бидејќи сме издале 22 концесии за истражување на минерални суровини на Кожуф.
Денеска се корегирал и набројал дека се пет на Кожуф а другите во југоисточна Македонија.
Очигледно станува збор за манипулација бидејќи тоа се концесии за проспекциско истражување, каде државата и геолошкиот завод сака да истражи со што располага, во какви количини и други параметри.
Тоа се работи што ги прави и ги има секоја држава.
Од нив произлегува информација за државата, а што државата потоа ќе прави со нив е друга работа и е прашање на експерти и јавна дебата.
После таквите проспекциско истражувања државата нема обврска за издавање на концесија за експлоатација кое подразбира отворање и експлоатација на рудник.
Таа проспекциска концесија била дадена на фирма со име “Резервоар минералс” но во 2017 и во 2019 година и биле раскинати концесиите бидејќи не почнала со истражувањата.
Значи дури и проспекциската концесија за истражување за потребите на државата и геолошкиот завод не започнала да функционира, и немало никакво истражување.
Сосема различен вид концесија за истажување е давање на концесија на приватна компанија за комерцијални цели, на која по завршувањето на истражувањето доколку побара концесија за експлоатација и достави уредна документација со еколошки и други елаборати, државата само ја заменува концесијата за истражување во концесија за експлоатација и тука нема на располагање голем маневар, бидејќи во судска постапка на домашни и меѓународни судови ќе загуби. Таков е случајот со Иловица на пример. Сепак, владата пред да одлучи прибира мислења од поголем број министерства и институции, добива студија за заштита на животната средина, добива мислење од министерство за земјоделие за евентуални води и други работи во нивна надлежност, мислење од надлежна институција за археологија, добива мислење за проектите од надлежни институции и редица други мислења и согласности од институции. Ако сѐ тоа е во ред, нема маневар, нема можност издадената концесија за истражување, да не ја замени со концесија за експлоатација.
Господин Наков или од незнаење или свесно ги меша овие термини. Сите концесии на Кожув се за проспекциско истражување, за потебите на државата. Науката се движи со голема брзина и не знаеме утре какви не нови и супер безбедни технологии нема да се појават како иновација за експлоатација, па затоа државата треба да знае што поседува.
Концесиите за кои тој денес пишувал се проспекциски, за потребите на државата и без обврска истата да ги претвори во вистински рудници.
2.Генерално во врска со отворањето на рудници моето мислење е дека здравјето е над сѐ и тука нема дилема доколку некое отворање рудник може да загрози здравје на граѓаните.
Сепак од она што го гледам во овој бизнис на светско ниво има огромнен прилично валкан натпревар меѓу конкуренцијата на огромните магнати во рударството во манипулирање на народот со податоци за загрозување на здравјето на луѓето кога треба да се отвори некој рудник. Една од методите е ангажман на НВО преку нивни финасирање, носење на тренинг и обуки и потоа тие го зборат она ќто таму им го кажале. Веројатно дел од нив и веруваат во тоа, можеби не свесни дека зад тие обуки се кријат големи игри на светски рударски магнати и нивни финасирања. И веројатно некаде има и примери каде тоа што се говори е вистина.
Владите се ставени во незавидна ситуација насекаде низ светот а особено во земји каде недовербата на населението е висока, а образовниот просек понизок, и се помеѓу желбата за економски развој која ја носат новите рудници и често неосновано преплашеното население потрупано со застрашувачки информации за нивното здравје.
Понекогаш некоја не одговорна опозиција се вклучува да го фати бранот на незадоволство кај загрижените граѓани, како што беше случајот со Иловица и СДСМ, кои ем ја издале концесијата за истражување, после која речиси не може да се запре проектот, ем се приклучија на загрижените граѓани како нивни “бранители и спасители”, префрлајќи ја вината на нивните политички конкуренти, па потоа по превртот во 2017 година кога беа инсталирани на власт повторно, незнаат што да прават и лавираат помеѓу законските обврски и стручните елаборати и студии и јавниот притисок во чие креирање самите учествувале.
Во таква ситуација, особено при издавање концесии за експлоатација единствено нешто што и останува на секоја влада се стручните елаборати, студии за заштита на животната средина, стручни мислења на повеќе државни институции и министерства и друга документација кои по закон мора да се направат, и содржината го нив.
Дали тие документи и елаборати напишани од експерти утврдиле опасност по здравјето или не.
Од друга страна на овие простори каде никој никому не верува, па ниту на оние експерти кои ги пишувале стручните елаборати, затоа што генерално степенот на одговорност не е доволно висок а степенот на корупција е висок, не е лесно да се расчисти таа дилема, и резултатите на крајот се не отворање на рудници, а со тоа и одсуство на економски развој кој би го донеле истото.
Оние кои сеуште се сомневаат во ова, нека се запрашаат зошто нема такви кампањи за веќе постоечки рудници по 40-50 и повеќе години, кои имаат многу помалку напредна и пријателска кон здравјето технологија.
Како и да е, на Македонија и треба каков-таков консензус, сака или не сака нови рудници и економски развој кој тие го носат, се разбира не по цена на здравјето на луѓето, и ако сака кому ќе верува: на ангажираните експерти кои институциите ги ангажираат или на експертите и активистите кои поминале обуки и тренинзи платени од некого. Такви тренинзи според инормациите кои ги имам добиено за рудникот Иловица се држеле во Виена. Тоа чини и киј и зошто тоа го плаќал нема да навлегувам.
Ако нема доверба во стручните елаборати на експерти, студии, стручни мислења од еден куп институции и сл. кои ги изработуваат тие елаборати, а јасно е дека секогаш ќе има некој “експерт” кој ќе го тврди спротивното од една или друга причина (некогаш можеби и со право), тогаш Македонија треба на подолг рок да се откаже од користење на природните ресурси, барем на новите, но и од придобивките за економијата, граѓаните и државата кои тие ги носат.
Некои држави во Европа немаат рудници, затоа што немаат руда или и исцрпиле резервите. Некои имаат, но овие случувања ги кочат во нивното искористување.
Ние како влада сакавме да има економски развој и сакавме да се отворат повеќе нови рудници, се разбира ни во сон не помислувајќи тоа да биде на сметак на здравјето на народот. Правевме напори, работевме на тоа со позитивна мисла. Но, трендовите на валкани борби меѓу мега рударските магнати во светот, се присутни и кај нас.
Сепак, во регионот, Србија, Бугарија, Турција и други се отвораат многу нови рудници и тие одат напред во тој дел.
Вака како што сега се поставени работите, да една политичка гарнитура прво издаде концесија за истражување, која потоа не може да се запре и врз основа на која ако има уредна документација мора да се издаде концесија за експлоатација, најчесто од некоја следна власт, а потоа кога партијата која ја издала таа концесија за истражување ќе замине во опозиција заради политички поени го подбуцнува народот против власта која го наследила проектот, и кои се оградуваат во однос на таа концесија која сами ја произвеле, води само кон губење огромни пари на меѓународни судови, кои ќе се плаќаат од нови огромни задолжувања, а ќе ги плаќаа целиот народ на Македонија.
Тоа префрлање вина од едни на други има цена. Таа цена не е поважна од здравјето, но ако навистина здравјето е загрозено. А големите рударски магнати во својата меѓусебна битка секогаш имаат спремни “експерти” на вакви простори, но и во многу понапредни држави и демократии, кои се спремни да напишат елаборати и за и против, како што има и спремни интересни групи за одредени привилегии да се борат во едниот или другиот табор на конкуренти во рударскиот бизнис.
Македонија треба да делува паметно и совесно.
Земјите во Европа и во регионот (Бугарија, Грција, Србија, Турција) имаат и отвораат нови рудници. Секторот за метални минерали во ЕУ произведува широк спектар на руди кои даваат метали или метални материи. ЕУ е важен производител на хром, бакар, олово, сребро и цинк. Сепак, повеќето метални руди што ја снабдуваат европската метална индустрија се увезуваат. Во Европа активни рудници на метали има во Австрија, Финска, Грција, Ирска, Полска, Португалија и Шведска. Во тие земји, ископувањето метали придонесува со повеќе од 1% во глобалното производство на одреден метален минерал.
Подолу еден линк кој е една анализа околу рудниците во Европа за оние кои ги интересира.
ПС.
(За патот кон Кожув…, изграден е во време на ВМРО и привремено затворен заради одредени технички проблеми, мислам дека беа одрони или сл., но сигурно не било со некоја злобна намера. Зошто би го граделе ако не сме сакале да функционира?
А зошто не е пуштен во овие повеќе од шест години, треба да се обратат кон актуелната власт. Не знам зошто претходно инвеститорот инвестирал без да има соодветен пат и зошто претходните влади не изградиле…
Од она што може да се види преку интернет ски центарот останал должен на банки, луѓе и добавувачи околу 21 милион евра, што е скандалозно, и незнам како успеало тоа. Оттука сомнежот дека вклученоста на поранешниот сопственик во кампањата против рудници е cover up, – прикривање на тој скандал е разбирлив, како и приказните дека бизнисот му пропаднал заради наводнои концесии за руди)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дрин Ахмети го демантира Лефков: Ги извршиме…
Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ,…
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…
Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…
КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…
Здружението на инженери поднесе претставка за концесијата…
Здружението на инженери на Македонија денеска информира…
Груевски ги разрешува дилемите околу “Чебрен”: Кој…
Поранешниот премиер, Никола Груевски, на Фејсбук ги…