На ГП „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 45 минути
Авто-мото Сојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП „Табановце“ и ГП „Богородица“ за влез во државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 45 минути.
Од АМСМ соопштуваат дека на останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватите спречиле влез на пиперки од Македонија…
Нова пратка со зеленчук од Македонија е…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
40-годишна стружанка претепала старец, па го ограбила
Жена од струшкото село Октиси е пријавена…
Цената на нафтата падна по најавата на…
Цената на меѓународно референтната нафта „брент“ падна…
Денес се празнува Светиот великомаченик Евстатиј Плакида
Голем римски војсководец од времето на царевите…