Ескобар: САД ќе ги искористат сите средства за да го спречат отцепувањето на Република Српска
– Сакаме да ги искористиме сите можни средства за да спречиме такво нешто. Ова значи зајакнување на силите на ЕУФОР, целосна поддршка за високиот претставник Кристијан Шмит и работиме со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската унија за да ги запреме парите, за да не им се дава пари на оние што ѝ штетат на државата, рече Ескобар во сведочењето пред Поткомитетот за Европа на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.
Според сараевските медиуми, Ескобар им рекол на конгресмените дека треба да сметаат на американска реакција во Босна и Херцеговина, и дека САД, покрај Додик, треба да санкционираат и други политичари.
Тој додаде дека „поединечни функционери во приватни разговори бараат суспензија на санкциите“.
На прашањето зошто ЕУ не воведува санкции против Додик, Ескобар одговори дека тоа е „добро прашање“, потсетувајќи дека за тоа е потребен консензус од сите 27 земји-членки на ЕУ и посочи дека е неопходно да се изврши притисок врз Унгарија.
Претходно, републиканската конгресменка Ен Вагнер му рече на Ескобар дека е неопходно да се санкционираат оние кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина.
Наведувајќи дека САД се гарант за Дејтонскиот договор, таа посочи дека „мирот во Босна е скап, а оние кои се закануваат мора да одговараат“.
Наведувајќи дека повлекувањето на РС од Уставниот суд на БиХ е сериозен показател за ескалацијата на политичката криза и дека Додик најави одржување референдум за статусот на РС, Вагнер го праша Ескобар како САД планираат да го спречат тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Пелагонија пет месеци без испитен центар…
Целиот Пелагониски регион пет месеци бил оставен…
Трајковски: Повеќе ништо не може да се…
За просечен жител на Македонија, кој живее…
ВМРО-вците од Вевчани во шок: Во Здравствениот…
ШОК во ЈЗУ Здравствен Дом "Д-р Светозар…
Исповед на вработен во РЕК: Ме бркаа…
ИСПОВЕД НА ВРАБОТЕН ВО РЕК: Пред десетина…
(Видео) Храбриот Марко заѕвони на победничкото ѕвонче…
Уште една убава и емотивна вест одекна…