Од денес течат првите рокови: Пристигнаа уставните измени во Собранието

t

Иницијативата за промена на Уставот е пристигната во Собранието и од денеска течат роковите за процесуирање на истата, се вели во соопштението од собраниската прес-служба за денешната остварена проштална средба на спикерот Талат Џафери со амбасадорот на Република Австрија, Н.Е. Георг Вуцас.

-Претседателот Џафери потврди дека инициативата за промена на Уставот е пристигната во Собранието и дека од денес течат роковите за процесуирање на истата. Тој изрази уверување дека доколку има политичка волја, целиот процес ќе може да се заврши до месец ноември оваа година, се посочува во соопштението.

Владата вчера попладне го доставила Предлогот за уставни измени до Собранието веднаш по завршувањето на 171. седница на која премиерот и министрите го усвоија Предлогот.

-На 171-та седница на Владата, одржана на 18.7.2023 година, точка 48, разгледана е Информација со Предлог за уставни измени, утврден е Предлогот и доставен е до Собранието веднаш по завршувањето на седницата, информираат од Владата за МИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расте бројот на загинати во верижниот судир…

Бројот на загинати во тешките верижни судири…

Бугарија вложува во модернизација на армијата: Набавува…

Бугарија презема нови чекори за модернизација на…

Стотици луѓе на улиците во Атина поради…

Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина…

(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…

Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…

На Арон Орбан му е одреден едномесечен…

Унгарското судство одреди едномесечен притвор за Арон…