Подољак: Нашата контраофанзива ќе биде долга и тешка, не сме подготвени на компромис со Москва
Украина очекува нејзината контраофанзива да биде „долга и тешка“ поради проблемите со снабдувањето со западно оружје и со мините поставени од руските сили.
„Несомнено, оваа операција ќе биде доста тешка, долга и ќе потрае многу време“, рече Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Според него, „главна пречка за напредувањето на украинските сили се мините што ги поставува руската армија со месеци и главно длабочината на минските полиња, која може да биде од четири до шеснаесет километри“.
Подољак нагласи дека Киев не е подготвен на компромиси со Русија, „бидејќи Москва се обидува да ја уништи украинската држава и да ја врати целосната контрола што ја имаше во советско време“.
Тој, исто така, го наведе оружјето што и е потребно на неговата земја за да ја забрза својата контраофанзива.
„Станува збор за 200-300 оклопни возила, главно тенкови, меѓу 60 и 80 ловци Еф-16, системи за воздушна одбрана ‘Патриот’ или нивниот француски еквивалент САМП/Т“, појасни Подољак
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…