Невремето во Хрватска, Словенија и Србија однесе пет животи
Силно невреме со дожд, грмежи и ветер рано утринава го зафати главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево. Невремето започна околу 4 часот и 30 минути утринава и за среќа не траеше долго.
Најлошо беше во Брчко, каде невремето однесе еден човечки живот, а проблеми се забележани и во Бањалука, Бјелина, Приједор, Тузла, како и во други градови низ Босна и Херцеговина.
Материјалната штета предизвикана од невремето се уште се утврдува, а некои надлежни служби известуваат дека во некои градови во БиХ таа е и милионска.
Во бурата која вчера предизвика хаос во Словенија, Хрватска и Србија животот го загубија пет лица, а причинета е огромна материјална штета.
Силниот урагански ветер носеше се пред себе, кршеше прозорци и покриви, фрлаше контејнери, корнеше дрвја и уриваше кранови.
Експертите ја споредуваат силата на оваа бура со јачината на атомската бомба, а сите се согласуваат дека никогаш не виделе ваква бура.
Познатиот пензиониран климатолог Звонимир Катушин за српските медиуми изјави дека никогаш не видел невреме како она што прво го опустоши Загреб, а потоа и Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Хрватка се претставувала како директорка на банка,…
51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Наместо на одмор, младите Босанци одат на…
Значително повисоките плати за истата работа, но…