ВЕЌЕ ГО КОРИСТАТ КАСЕТНОТО ОРУЖЈЕ И ТОА ЕФЕКТИВНО: Портпаролот на Белата куќа потврди дека украинските сили ракуваат со касетната муниција
Украина почна да користи касетна муниција испорачана од САД, објави Белата куќа. Портпаролот Џон Кирби им потврди на новинарите во четвртокот вечерта дека Украина почнала да го користи контроверзното оружје минатата недела, пренесува Си-Ен-Ен.
– Украинските сили „соодветно го користат (тоа оружје). Тие го користат ефективно и тоа навистина има влијание врз руските одбранбени формации и нивните маневри – рече Кирби.
Плусинфо веќе пишуваше за плановите на украинскиот генерал Олександр Сирски да го употреби касетното оружје во близина на клучниот Бахмут. Украинскиот воен врв за Би-Би-Си потврди дека муницијата е доставена.
Американските власти на почетокот на јули објавија дека ќе го достават оружјето во Украина, и покрај загриженоста за долгорочниот ризик за цивилите.
Најавата на САД за испраќање касетно оружје во Украина предизвика критики од невладините организации и одредени земји во светот. Повеќе европски земји се потписнички на Конвенцијата од Осло од 2008 година. Но, во таа конвенција не се вклучени ниту САД, ниту Украина, ниту Русија.
Берлин, Париз и Лондон потсетија и дека се против овој вид оружје и дека се потписници на конвенцијата.
Германскиот канцелар Олаф Шолц пак ја поддржа конвенцијата, но истовремено рече дека одлуката на САД да ја достават муницијата е нивна работа. Германските медиуми пишуваа дека тој има „двоен став“ по ова прашање.
Кремљ најави соодветен одговор на можната употреба на касетното оружје од страна на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина: Воената состојба и мобилизацијата продолжена за…
Украинската – Врховна рада (парламент) го усвои…
Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за…
Суштината на движењето што го започнаа студентите…
Рама повторно повика на дијалог
Премиерот Еди Рама, уште еднаш го повтори…
Дневниот весник на РТВ Војводина започна со…
Дневните вести на Радиотелевизија Војводина во 17…
Британскиот министер за одбрана: Имаме 1.000 дена…
Британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг, предупреди…