Нова сообраќајка кај Собрание: Автомобил удри во мотоцикл
Сообраќајна несреќа се случи на крстосницата кај Градската болница „Свети Наум Охридски“.
Според првичните информации, автомобил со скопски регистерски таблички удрил во мотоцикл.
Неофицијално, до несреќата дошло кога автомобилот се обидел да се приклучи кон улицата „Филип Втори Македонски“.
Засега нема податоци за повредени лица, но екипите на МВР се на терен.
На истата крстосница во изминатите месеци се случија повеќе сообраќајни несреќи, меѓу кои и помеѓу автомобили и мотоцикли. Во овие незгоди имаше и потешко повредени лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…
Прекината истрагата за Панчо од ДНК
Обвинение за 34 физички и три правни…
„На здравје за молкот“
Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…
Дебар Маало ќе се затвора за возила…
Со овој пилот-проект кој веќе е готов…