Скопје очекува допонителни 15 000 – 20 000 ноќевања од странски туристи за Европското одбојкарско првенство
Допонителни 15 000 – 20 000 ноќевања од странски туристи го очекуваат Скопје кој е еден од градовите домаќини на претстојното Европско првенство во одбојка. Како што рече денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски, се очекува зголемен број навивачи од Холандија, Полска, Црна Гора, но и од други земји.
-Скопје очекува значително зголемен број туристи за Европското одбојкарско првенство. Главниот град ќе има дополнителен „буст“ со Европското одбојкарско првенство и по едната група во август и септември, очекуваме дополнителни 15 000 – 20 000 ноќевања од дестинации – навивачи од Холандија, Полска, Црна Гора и други земји, истакна Јаневски на средба со новинарите.
Според него, се покажува дека спортскиот туризам, како и авантуристичките форми на туристичката понуда и трајните врски со одредени пазари и тур оператори на светско ниво, даваат резултати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фарс: Трамп бил вклучен во план за…
Иранската новинска агенција Фарс објави дека американскиот…
Хакери упаднале во погонскиот систем на огромен…
Американските власти откриле дека хакери успеале да…
Да не го мислите тука е: Ким…
Северна Кореја утрово истрела засега неидентификуван проектил…
Трамп: САД нема да го забранат извозот…
Американскиот претседател изјави дека Вашингтон никогаш ниту…
Двајца Иранци обвинети за подготовка на терористички…
Британските власти обвинија двајца ирански државјани за…