“Врти парата”: Милионите од АМС за Автомобилистичката федерација ги делат два-три клубови во сопственост на раководството на Федерацијата – За две години земале речиси исто како за претходните девет!
Агенцијата за млади и спорт доделила илјадници евра финансии на Автомобилистичката федерација на Македонија, која пак потоа ги распределува тие средства на три-четири клубови, кои се во сопственот на раководството на Федерацијата.
Во 2022 и 2023 година Агенцијата за млади и спорт ѝ доделила на Автомобилистичката федерација на Македонија 43.302.000,000 денари.
За споредба, во претходните девет години, од 2010 до 2021 година, истата Федерација добила 58.751.941 денари.
Во Федерацијата има шест клубови кои се полноправни членови и пет клубови кои се спортски членови.
Постојани членови се АК ”ПЕРФОРМАНС” Скопје, АКК “ПРОСПЕРТ” СКОПЈЕ, АКК “ПУЛСТАРС-15177”, АКК “СВИФТ РЕЈСИНГ” Скопје, АКК “СИТИ” Скопје и АК “ЏИ-ФОРС” Скопје.
Спортски членки се АК “ПСС”, АКК “СТЕФАНОВСКИ”, АК “СКОПЈЕ”, АКК “РЕНО СПОРТ” и АКК “ФИЧО 600”.
Што е овде проблематично?
Најпрво тоа што од 11 клубови 3 се во сопственост на лица кои се дел од раководството на Автомобилистичката Федерација на Македонија. Клубот ПСС е во сопственост на претседателот на Федерацијата Виктор Давидовски додека клубот Перформанс е во сопственост на Сивлија Станојковски сопруга на Ранко Станојковски, а клубот Сити е во сопственост на поранешниот сопруг на заменик претседателката на Федерацијата, Кристина Стојановска.
Второ, тоа што сумата за две години речиси ја достигнува сумата на пари доделена за цели девет години претходно.
Агенцијата за млади и спорт ја финансираат Автомобилската федерација на Македонија, а илјадници евра секоја година завршуваат на сметка на федерацијата, а потоа преку распределба на средства на сметките на автомобилските клубови од кои речиси една четвртина се во сопственост на раководството на Федерацијата.
Накратко, неколку клубови ги искористуваат средствата доделени од Агенцијата за млади и спорт, тие си ги делат парите, додека останатите клубови не добиваат ништо, или добиваат трошки.
Ситуацијата со автомобилизмот во Македонија не е на завидно ниво, можеби токму поради вакви распределби на средства во Федерации каде истите луѓе се и раководство на Федерацијата и сопственици на клубовите.
Време е ДКСК, но и јавното обвинителство, да се позанимаваат со распределбата на овие средства, дали има судир на интереси и дали е законски некој сам на себе да си дава пари доделени од државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Леброн, Халанд, Тоти, Нејмар, Крис Пол: Светските…
Србија горда, Новак Ѓоковиќ успеа да го…
(Видео) Белград, Бања Лука, Косово, Чикаго: Со…
Развиорени знамиња со автомобилски сирени по улиците…
Алкараз низ солзи: Дадов сѐ од себе,…
Имав свои шанси, но не ги искористив.…
(Видео) Контроверзната алжирска боксерка стигна до олимписки…
Алжирската боксерка Имане Калифа стигна до медалот…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…