Ново страшно невреме во Хрватска: Саборот ја прекина седницата откако салата се наполни со вода!
Ново невреме ја зафати Хрватска, црвено предупредување беше издадено за областите Истра, Кварнер, Госпиќ, Карловац и Загреб. Портокаловото предупредување сè уште е на сила во остатокот од земјата.
Седницата на хрватскиот Сабор беше накратко прекината затоа што вода влегла во салата, откако Загреб повторно го зафати силно невреме.
-Затворете го прозорецот, водата проби – рече претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, наредувајќи 10-минутна пауза додека собраниските служби не ги затворат отворените прозорци.
Водата почна да истекува низ отворениот прозорец и да протекува по ѕидот на собраниската сала. Водата почна да навлегува и на главната врата на Собранието, која веднаш беше затворена и заштитена со крпи.
Загреб попладне повторно го зафати силно невреме пропратено со силен ветер и дожд. Сите надлежни институции издадоа алармантни преупредувања за жителите на земјата, особено по хаосот кој настана од невремето завчера во кое имаше и жртви и повредени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина
Мал авион денеска претпладне се урна во…
Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора…
Хрватска врши притисок врз кандидатурата на Црна…
Хрватска субвенционира купување автомобили за семејства со…
Иван Шипиќ, министерот за демографија и имиграција,…
Хрватска ќе тргне наплатните рампи, од март…
Од почетокот на март 2027 година, Хрватска…
Хрватскиот остров Црес избран за најдобар скриен…
Хрватскиот остров Црес е избран за најдобар…