Објавено на:

Закани по животот на советник на Левица од Битола откако пукна скандалот со милионите од Мицкоски за “Пуцко Петрол”

t

Советник од Левица добивал закани по живот од директор од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

Советникот Гаврил Трајковски на Фејсбук сподели дека директор на битолско претпријатие му се заканувал по телефон.

-Едно директорче од дпне, омиленото привезоче на Мицко во Битола, ми упати закани по телефон!

Кажете му кога сакаш машки да се пресметаш со некој, тие закани се кажуваат во лице, а не по телефон. Па на крај и да спуштиш и не креваш на телефон како средношколка во пубертет, кога ќе се скара со дечкото!

Го разбирам гневот и лутината и тоа дека здружно со ДУИ ги празните граѓанските каси, ама не ве разбирам како ви иди на телефон да се заканувате, во кое време сме? Кнеле? Аркан? Намалете тоа јужните ветрови!

Со ова само докажа и покажа зошто битолскиот комитет е најслабиот комитет на дпне!

И стварно мислите дека ќе ме заплашите по телефон?

Палјачо – напиша Трајковски на Фејсбук.

Инфомакс неофицијално дознава, станува збор за директорот Пеце Милевски, кој како што денеска објавивме, е потписник на тендер со кој на Пуцко Петрол му се даваат 1.730.588,00денари. Вкупно од Битола Пуцко Петрол добил 7.400.544 денари.

Детали за тоа кои општини колку го “пошастиле” Пуцко Петрол може да прочитате во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…

(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…

*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…

(Видео) Вака изгледаат 500.000 евра во Битола:…

500.000 евра чинела патеката која се сопнува…

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

ХОРОР во Битола! Внука се обидела да…

Внука се обидела да ги убие сопствените…