Децата до 18 години во август ќе добијат сензори, потпишана одлуката за набавка на ленти
Реализирани неколку барања на лицата со дијабет. Потпишана е одлуката за избор на најповолен понудувач за набавка на ленти, а децата до 18 години во август ќе добијат сензори, информираат од министерството за здравство.
-Сите процедури во рамки на Министерството за здравство се завршени во најкраток рок, навистина жалам што набавката доцнеше, таа требала да се почне уште во декември од претходното раководство, истакнал Меџити на денешната средба со претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари, која се одржа пред најавениот протест.
Министерот информираше и дека се работи на системско решение со кое нема да се дозволи доцнење на набавките во иднина, посочуваат од МЗ. Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска на состанок ги сослушал барањата на лицата со дијабет. Меџити, како што соопшти МЗ, искажал целосно разбирање за нивните барања и предизивиците со кои се соочуваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…