Ќучук достави писмени прашања до ЕК во врска со мерките против манифестациите на антисемитизам и говор на омраза во Бугарија
Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук достави писмени прашања до Европската комисија во врска со мерките што институцијата ги презема против честите манифестации на антисемитизам и употребата на говор на омраза од јавни личности во Бугарија.
Во последниве години, Бугарија доживеа алармантен пораст на јавен говор на омраза и антисемитизам, при што овој тренд се влошува под изговор дека слободата на изразување дозволува такви манифестации, се вели во писмото на Ќучук. Некои политички фракции постојано го користат овој аргумент за да толерираат и негуваат непријателска клима.
Зголемувањето на говорот на омраза предизвика голема загриженост и стравувања дека антисемитската реторика и однесување може да станат секојдневие, посочува бугарскиот европратеник, пренесува БТА.
Најновите примери вклучуваат означување на поранешен министер со еврејско потекло како предавник. Покрај тоа, антисемитски фото-колаж со друг поранешен министер со еврејско потекло, познат по своите евроатлантски ставови, беше споделен на канал на Телеграм на група од партијата „Препород“, резимира Ќучук.
Писмото доставено од Ќучук е во име на 36 европратеници од Обнови Европа, Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите и Европската народна партија. Меѓу бугарските претставници во ЕП кои го потпишаа текстот се Емил Радев, Александар Јорданов, Андреј Ковачев, Цветелина Пенкова, Елена Јончева и Андреј Новаков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарското МНР: „Вековен македонски идентитет“ ги повредува…
„Бугарија останува посветена на сите елементи од…
Бугарија: Изјавите на Мицкоски се популистички, нема…
Ниту еден обид за заобиколување на консензусот…
Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…