Објавено на:

Двајца тешко повредени мотоциклисти

t

Двајца мотоциклисти се тешко повредени во две одделни несреќи вчера.

Првиот судир бил во 17.50 часот, кога во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Втора македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Џ.(25) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Р.(47) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Вечерта во 23.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Р.М.(46) од кичевското село Туин и мотоцикл „јамаха“ со кичевски регистарски ознаки, управуван В.С.(29) од селото Староец.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на ОВР Кичево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…