Бектеши го осуди обидот за напад врз Артан Груби: Ова го нарушува имиџот на државата!
По веста за опожареното ауди во скопски Чаир, кое дел од медиумите го поврзаа со првиот вицепремиер Артан Груби, а за кое тој самиот не демантираше дека го користел иако се води на име на друго лице, попладнево се огласи и министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи.
Министерот за економија, Бектеши изрази жалење „за обидот за напад на првиот вицепремиер Артан Груби“. Тој во објава на Фејсбук изрази жалење за обидот за напад на првиот вицепремиер.
„Изразувам жалење за обидот за напад на првиот вицепремиер Артан Груби. Сите заедно како општество мораме да ја осудиме оваа неприфатлива постапка која го нарушува имиџот на државата и создава неизвесност кај нашите граѓани. Се надевам дека надлежните органи ќе го истражат овој случај и што поскоро ќе ги изведат сторителите на оваа акција пред лицето на правдата“, се наведува во фејсбук-објавата на министерот Бектеши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…
Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…
Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува…
Министерот за економија Крешник Бектеши на својот…
Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…
Израелски медиуми: Денес беше најкрвавиот ден за…
Израелските медиуми објавија дека денес бил најкрвавиот…
Казни од 800 до 10.000 евра за…
Министерот за економија Крешник Бектеши апелира сите…