Мистериозно почина уште еден руски олигарх: Му беше пријател на Путин
Рускиот милионер Игор Кудрјаков (64) е пронајден мртов во својот стан во Москва. Кудрјаков основал услуга за испорака на храна и други стоки во главниот град на Русија. Компанијата подоцна ја купил производителот на додатоци во исхраната ВИП Груп, а Кудрјаков заработил 15 милиони долари како дел од зделката.
Подоцна, тој работеше како прв заменик-шеф на Одделот за Државниот инспекторат за домување на Московскиот регион. На телото немало траги на насилство и дека тој долго време се борел со ракот. – Игор Кудрјаков е пронајден мртов во неговиот стан на плоштадот Кудрински во областа Преснјен во Москва.
Според прелиминарните податоци, причина за смртта на бизнисменот е онколошка болест – јави ТАСС. Според британскиот портал Сан, олигархот е последниот во низата пријатели на рускиот претседател Владимир Путин кои загинале или биле повредени од почетокот на војната во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најчевска: Мицко нè турна кон Путин
Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…
„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…
Москва има детален план за напад на…
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…
Путин: Русија ќе спречи какво било странско…
Русија ќе спречи какво било странско мешање…