Добро утро со Инфомакс: Умирам горд со името на мојот народ – 81 година од смртта на поетот Антон Попов, стрелан од бугарските фашисти
На денешен ден починал Антон Попов, македонски писател, комунист, учесник во илегалниот отпор против фашистичкиот режим во Бугарија. Бил еден од основачите на Македонскиот литературен кружок.
Љубовта кон татковината Македонија, нејзината историја и традиција, нејзината слобода и иднина се тема во севкупното негово книжевно и публицистичко дело. Низ сопствениот пример покажува како се сака и се брани татковината.
Заедно со Никола Вапцаров е уапсен и осуден на смрт. Во писмото пред стрелањето запишал:
„Умирам за еден нов свет, којшто ќе огрее со толку светлина, со толку убавина, така што мојата жртва за него не е ништо. Умирам горд со името на својот народ, за чие што добро работев до последен миг, за чија што добра иднина умирам.”
Антон Попов ја сакаше Македонија и македонскиот народ со љубов чиста, нежна, неизмерна по сила и ширина. Тоа беше љубов готова за жртва.
Убиен е од бугарските фашисти.
Но пред да ја загракта својата злокобна песна картечницата, се слуша друга, позната, убава песна, којашто излегува од градите на нескршливите бестрашни борци:
“Тој што ќе падне в бој за слобода, тој не умира!”
Во чест на Попов денес ви издвојуваме уште еден негов цитат.
„Беснееја на македонската земја разни господари. Срби, Турци, Грци, Бугари… Тогаш, од македонската нива сите тие береа. До денеска само на еден правото не го признаа. Правото на Македонецот да ја ора својата земја и единствено тој да го бере плодот од својата нива. Стариот господар на таа земја, правото на големиот македонски дух – не беше признат.Историјата на човештвото е полна со неправди……Кој ги инспирира настојувањата да се избрише македонското сознание, македонското име,- да не го признаваат правото на македонскиот народ да биде господар и чувар на својата родна земја?… Кој ги поттикнува нивните свирепи мерки, нивното цврсто решение? Кој ги поддржува и оправдува нивните настојувања-плен на угнетување да бидат нивните славјански браќа?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски објави факти за Царот Самоил: Не…
Не постои запис кој ќе потврди како…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…