Украинската контраофанзива пропадна, вели Путин
Рускиот претседател Владимир Путин за време на средбата во Санкт Петербур со својот белоруски колега, Алексанадар Лукашено, денеска изјави дека контраофанзивата на Украина „пропаднала“, јави Хина, а пренесе МИА.
„Нема контраофанзива“, рече Лукашенко., на што Путин одговори: „постои, но не успеа“.
Украина минатиот месец ја почна долгоочекуваната контраофанзива, но досега постигна само мали придобивки против добро вкопаните руски сили, кои по речиси 17 месеци од почетокот на војната контролираат повеќе од една шестина од нејзината територија.
Американскиот генерал Марк Мили, наќалникот на Здружениот Генералштаб американските вооружени сили, неодамна изјави дека украинската контраофанзива е „далеку од пропадната“, но ќе биде „долга, тешка и крвава“, потсети Хина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…