(Видео) Силно невреме во Пробиштип и Куманово
Силно невреме го погоди Пробиштип и околината во попладневните часови. Истото беше проследено со силен ветер, врнежи од дожд и силен град. Слично е и во соседните градови, како и во Куманово.
Во Куманово, жителите сведочат дека паѓал град со големина на орев.
Засега во Скопје, времето е сончево. Но и во главниот град е најавено дека има услови за невреме.
„ Поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје, денес во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град“, известија од УХМР.
извор: makfax
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Крстевски: Со месеци трпиме опструкции, за…
Се соочуваме со опструкции од сите страни,…
(Видео) Тепачка во Советот на Општина Кочани!
Советници во Советот на Општина Кочани денеска…
Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…