(Фото) Плажа си е плажа: Зошто Костовски не може да се погрижи за хаосот од невремето во Бутел?
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски не може да се погрижи за справување со штетите од невремето бидејќи ужива во Охрид.
На социјалните мрежи Костовски објави фотографија од Охрид и тоа пред четири часа, во екот на невремето кое се случуваше во Скопје, а кое предизвика големи штети во Бутел.
Невремето предизвика хаос во Бутел, а граѓаните се пожалија дека градоначалникот е неспособен и нема соодветна реакција.