Спасовски задоволен од анкетите за евентуална кандидатура за претседател

t

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вестите на Алсат ТВ рече дека е задоволен од рејтингот во анкетите и дека ќе се направат анализи за евентуалната можност следнатаследната година да се кандидира за претседател на Македонија.

Неговото име се споменува сѐ почесто како што се приближуваат претседателските избори, а во разговорот министерот рече дека по тоа прашање нема толкави лични амбиции, колку што неговата кандидатура би требвало да има едно „национално обедиунување“.

„Така што, во политичкиот дел за тоа сигурно дека ќе се разговара на ниво на партија, на ниво на партиски органи во носењето на таквите одлуки”, беше категоричен Спасовски.

Во однос на имињата за Претседател на државата, Спасовски рече:„Да, јас ги слушам спомнувањата на имиња, меѓутоа сето тоа е во рамки на шпекулации, разговори кои ги има во јавноста… Меѓутоа, јас сега воопшто не размислувам на тоа прашање. Можеби ќе дојде тема на која ќе разговараме и ќе ги соочиме сите аргументи. За мене што е важно?! Важно е да се направат добри анализи, важно е да се обединат сите структури кои подразбираат или ги споделуваат заедничките европски вредности, вредности за напредокот на државата и, таа опција да ја предводи Македонија и во наредните четири години“, подвлече Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…