Ачковска за Ченто: Ретка историска личност чии зборови и дела не се разликуваат
Токму пред 66 години во Прилеп почина Методија Андонов-Ченто (17.8.1902 – 24.7.1957), првиот претседател на Демократска Федерална Македонија, македонски трибун и страдалник за Македонија.
Во 1946 година, во монтиран судски процес, само заради неговата нагласена македонска самосвест беше осуден на 11 години строг затвор и лишување од сите граѓански права.
Одлежа во Идризово 9 години, ослободен заради крајно нарушеното здравје. Му ветуваа слобода, благосостојба за семејството кое му гладуваше, само да потпише изјава дека е виновен, дека се огрешил на државата и Партијата. Неговиот одговор беше: “Можете да ми земете се, но не и моето достоинство”.
И така остана голем, ретка историска личност чии зборови и дела не се разликуваат. Беше судски рехабилитираат во 1990 година, со признанија за лажна осуда на дел од оние кои го монтираат неговиот случај.
Остана за поука во историјата неговиот огромен патриотизам, хуманост, скромност и чесност. Нека почива во мир. Вечна слава
(фејсбук статус на Виолета Ачковска)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…