Објавено на:

Поранешниот шеф на полициската управа на Црна Гора оди во притвор

t

Поранешниот директор на полициската управа на Црна Гора, Веселин Вељовиќ, кој денеска беше уапсен, си заработи притвор до 72 часа по сослушувањето во Специјалното државно обвинителство, објави Танјуг.

Вељовиќ го сомничат дека му помагал на Александар Мркиќ да изврши шверц, но не и дека учествувал во шверц, туку дека споделувал информации.

Во акцијата на Специјалното полициско одделение, по наредба на Специјалното државно обвинителство и во соработка со ЕВРОПОЛ, денеска е уапсен и Мујо Никочевиќ. Од слобода е лишен и Никола Мркиќ, а се уште трае потрагата по неговиот брат Александар Мркиќ.

Како што соопштија од Управата на полицијата, службеници на Специјалното полициско одделение, по наредба на Специјалното државно обвинителство и во соработка со ЕВРОПОЛ, спроведоа дејствија против лица осомничени за сторени кривични дела, создавање криминална организација, злоупотреба на службената положба и криумчарење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ