Објавено на:

Путин и Лукашенко повторно во црква

t

Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко, го посетија островот Валаам.

Оваа прошетка беше продолжение на нивната дводневна средба, која започна во неделата со преговори во палатата Константиновски во Стрлна. По официјалниот дел од средбата, лидерите ги посветија следните неколку часа од неделата на патување во Кронштат, каде што ја посетија поморската катедрала и разговараа со луѓето што шетаат околу плоштадот во близина на храмот, а ја разгледаа и изложбата на Музејот на поморската слава, кој ќе биде отворен на Денот на морнарицата на 30 јули.

Путин последен пат го посети Валаам во јули 2019 година, исто така во друштво на Лукашенко. Потоа го посетија ставропигијалниот манастир Спасо-Преображенски Валаам.

Претседателите на Русија и Белорусија овојпат патувањето го започнаа со посета на катедралата Преображение, која е дел од архитектонскиот комплекс на манастирот. Тие запалија свеќи и разговараа со парохијаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Путин го разреши заменик шефот на неговата…

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…

Трамп побара од ЕУ да го притисне…

Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…