Хоџа не сака соработка со Гаши и Меџити: Се оградувам од таканаречениот „опозициски блок”
Раскол во Беса предизвика денешното официјализирање на соработката меѓу нејзиниот лидер Билал Касами, Африм Гаши од Алтернатива и Изет Меџити кој најави формирање на ново движење. Имено, заменик претседателот на партијата, Аријанит Хоџа вечерва преку Фејсбук статус соопшти дека тој се оградува од овој таканаречен опозициски блок.
-Од денеска целосно се оградувам од политичките дејствија во таканаречениот „опозициски блок“ со оглед на тоа што главните актери, носители на оваа иницијатива не имаат за цел политичка ротација, туку едноставно „перење“ на политички фигури кои не далеку од денес беа актери за одржување на актуелната власт во живот и ја спречија ротацијата во албанскиот политички табор. За детали за политичките убедувања и луѓето кои го делат истото политичко мислење со мене, ќе ве известиме преку прес конференција во текот на оваа недела, напиша Хоџа на Фејсбук.
Инаку, Изет Меџити кој излезе од ДУИ денеска се сретна со некогашните сопартијци, а сега лидери на Беса и Алтернатива, Билал Касами и Африм Гаши. Тие разговарале за принципите на нивната идна соработка со која треба да ја обединат албанската опозиција во земјава.