Објавено на:

НА ЗАПАД УШТЕ ПРОЛЕТВА ЗНАЕЛЕ ДЕКА НЕМА ФАЈДЕ: За победа на Украина фали трипати поголема војска?

t

Западните лидери знаеле дека е малку веројатно дека украинските сили во контраофанзивата што почна пролетва ќе успеат да ги истуркаат Русите и да ги принудат да се повлечат од добро утврдените позиции, пишува весникот „Волстрит џурнал“.

Весникот оценува дека големите и смртоносни мински полиња, цврсто изградените утврдувања и руските воздухопловни сили синергистички спречуваат каков било значаен напредок на украинските војници.

Наместо тоа, украинската воена кампања ризикува да падне во ќорсокак со големи човечки загуби и материјални штети без поголеми промени на бојното поле, се наведува во текстот.

За успех треба трипати поглема војска, плус воздушни сили?!
Се додава дека западната воена доктрина предвидува дека при напад на добро утврдените позиции на непријателот, напаѓачката сила треба да биде најмалку трипати поголема од непријателската, со координирани напади од воздушни и копнени сили, како и дека на украинските воени единици им недостасува жива сила, обука и ресурси за исполнување на овие критериуми.

Никој на Запад не би се обидел да направи ваква контраофанзива
„Дополнително, ниту една западна воена сила не би се обидела да ја пробие добро воспоставената и утврдена одбранбена линија на противникот без целосна контрола на воздушниот простор“, посочува весникот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во мај во интервју за весникот призна дека Русија има супериорност во воздушниот простор и дека недостатокот на заштита на украинските трупи укажува дека украинските сили „ќе претрпат големи човечки загуби“ во борбите.

Украинците бараа дупки, ги најдоа ли?
„Украинските воени стратези се надеваа дека ќе најдат „дупки во руските линии“ на фронтот, ќе извршат успешни јуришни акции и ќе направат хаос во непријателските редови, но наместо тоа, неочекувано густите мински полиња ги забавија почетните напади на украинските сили, оставајќи ги изложени на ударите на руските авиони и ракетни сили“, нагласува весникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина: Воената состојба и мобилизацијата продолжена за…

Украинската – Врховна рада (парламент) го усвои…

Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за…

Суштината на движењето што го започнаа студентите…

Рама повторно повика на дијалог

Премиерот Еди Рама, уште еднаш го повтори…

Дневниот весник на РТВ Војводина започна со…

Дневните вести на Радиотелевизија Војводина во 17…

Британскиот министер за одбрана: Имаме 1.000 дена…

Британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг, предупреди…