Почнува постапката за уставни измени
Претседателот на Собранието Талат Џафери, кој по функција е претседател собраниската Комисија за уставни прашања денеска ќе ја отвори седницата за уставни прашања, а по усвојувањето на дневниот ред Предлогот треба да биде образложен од страна на предлагачот, по што се очекува да се отвори дебата од страна на пратениците.
Пратеничките групи најавуваат дека ќе го искажат својот став во однос на промената на Уставот односно Преамбулата, вклучувајќи ги и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. За МИА од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека пратениците ќе учествуваат во дебатата, каде јасно ќе ги кажат аргументите против уставните измени и набргу ќе стане јасно дека за нив власта нема мнозинство.
Интервенциите во Уставот се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78, при набројувањето на деловите од народи во државата. Во формулацијата: „Граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, после зборот бошњачки народ се става запирка и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…