Тројца македонски државјани се на Родос каде беснеат пожари

t

Министерството за надворешни работи информира дека во врска со пожарите кои ја зафатија Грција, заклучно со денешниот ден тројца државјани на Македонија ја контактирале македонската Амбасада во Атина. Истите се наоѓаат на безбедно место, на грчкиот остров Родос.

Дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во Грција, продолжуваат да бидат во постојана комуникација со надлежните институции на Грција.

Од МНР уште еднаш упатуваат апел да се избегнува туристичко или било какво друго патување во загрозените подрачја.

За повеќе информации, на располагање се СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж уапсен со оружје во близина на…

Американската Тајна служба уапси маж во близина…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…

Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…

Во официјалниот регистар на помилувања што го…

ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…

Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…

САД нудат награда од 20 милиони долари…

Соединетите Американски Држави нудат награда до 20…